Апел до граѓаните

Од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ги замолуваат и апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат градежниот шут и постапуваат совесно спрема одлагањето на овој вид отпад. Со затоплувањето на времето и отпочнувањето на градежните работи зачестена е појавата на одлагање на градежен шут во контејнерите низ градов.

Со оглед на тоа што комуналците имаат полни раце работа со чистење и миење на улиците, а голем број од работниците користат боледување или се во изолација, не е можно да се исчисти онолку колку што несовесните граѓани прават штета со неправилното одлагање на отпадот. Посебен проблем на вработените им претставуваат контејнерите кои се полнат со градежен шут измешан со комуналниот отпад. Контејнерите неможат да се подигнат со специјалното комунално возило, туку се истураат и потоа отпадот се товара рачно.

За градежениот отпад граѓаните да ги користат услугите на „Комуналец“, со нарачка на контејнер од 5м3 или трактор од 2м3.

Можеби ќе ви се допадне