Апел до граѓаните со пролетното чистење да ја користат бесплатната линија за собирање на други видови отпад

Почитувани сограѓани!

Заради топлото време и пролетното чистење на домовите, изминатиот неделен ден ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, се соочи со беспотребна критика од одредени граѓани, заради исфрлен отпад во и до контејнерите кој се собира со посебната бесплатна линија секој четврток во месецот. Да напоменеме дека недела е единствен слободен ден за работниците, и не е нималку коректно од куќите да се изнесува отпад во контејнерите кои се наменети исклучиво за станбеното живеење и институциите. Отпадот од домаќинствата се собира редовно и нема никаква потреба да се измачувате и да го одлагате на други места,без оглед на количините кои сте ги собрале.

Ве замолуваме, за габаритниот отпад и др. вид отпад, кој неможе да се собере со редовната линија да се јавувате на отворенета телефонска линија 048/428- 992, на ФБ страницата во порака на „Комуналец“, или со Барање на електронската адреса: presskomunalec@yahoo.com, каде ќе наведете:
•Име и презиме на поседувачот на отпад, каков вид на отпад треба да се подигне и телефонски број за контакт на кој ќе бидете информирани за времето на доѓање на посебната линија за собирање на грабаритен отпад и др. вид на отпад кој неможе да се подигне со редовната линија.
•Габаритен отпад (мебел од дрво, тапациран мебел, јоги, теписи, стиропор, постели, старо стакло и др – не се наплаќа;
•Стаклена амбалажа( стаклени шишиња) Ве замолуваме да одлагате исклучиво во зелените ИГЛО контејнери кои се поставени на 46 локации низ градов.
•Отпадот изработен од пластика кој не ги собира во жолтата канта за пластична амбалажа, оставајте го до жолатата канта во сопствениот двор ( стари туби, гајби, пластични детски играчки, пластични цевки, ролетни и др. производи исклучиво од чиста пластика.
•Отпад од стара облека и обувки се собира со редовната линија и не е потребно да го исфрлате во контејнерите( наменети за станбеното живеење, институции) или во природа.

За отпадот кој го селектирате во жолтата канта веќе сте обучени и навикнати, за што Ви изразуваме огромна БЛАГОДАРНОСТ!

За градежен отпад, отпад од градење, или поголеми количини на отпад од чистење на визби, тавани и др. Ве замолуваме да ги користите услугите на „Комуналец“.
•Градежен шут – трактор 630 денари;
•Градежен шут – контејнер 5м3, 1.360 денари.
Или со сопствен превоз да го однесете до депонијата во Алинци до 14 часот.

За се што сакате да прашате слободно комуницирајте со нас.
Почитувани, ред е да научиме дека: „СЕКОЈ ОТПАД ИМА СВОЕ МЕСТО“, да се грижиме за животната средина со почитување на правилата, но пред се со љубов кон сопствената општина и држава.

Македонија се сака со чисти дворови, улици, паркови , плоштади, со чисти ливади, долови, реки и планини…

Да ја покажеме сета љубов кон сопствената Татковина, преку грижата за животната средина!

Со почит,
ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

Можеби ќе ви се допадне