Апел до граѓаните

Отпадот од кантите се собира секоја недела со редовната линија од домовите од страна на комуналните работници.

Совесен граѓанин ни испрати фотографии од граѓани како го истураат отпадот околу контејнерите на пунктот контејнери поставен во комплексот згради пред касарната.

И покрај тоа што „Комуналец“, редовно еднаш во неделата го подига отпадот од домаќинствата, дел од граѓаните кои живеат во околните куќи, од нивните канти го истураат отпадот во и околу контејнерите.

Станарите од зградите редовно се жалат дека контејнерите кои се поставени за нивна услуга, редовно ги преполнуваат и истураат отпад околу нив жители кои живеат во околните куќи. Тие не информираа дека истурањето на отпадот несовесните граѓани го правеле во вечерните часови, но во текот на вчерашниот ден во група дошле повеќе жители од околните куќи и иако контејнерите биле испразнети од комуналните работници, отпадот го исфрлиле околу контејнерите.

Сликата која се создава со вакво неконтролирано исфралање на отпад во комплексот згради е повеќе од разочарувачка, и покрај напорите на комуналните работници отпадот да биде собран навремено. Зошто овие граѓани се мачат и прават штета на околината кога отпадот се собира редовно од домаќинставата, немаме одговор. Случајот од страна на ЈКП„Комуналец“, ќе биде пријавен до Инспекторатот при Локаната самоуправа.

Можеби ќе ви се допадне