Пред Велигден, комплетно исчистени и уредени гробиштата

Иако , ЈКП ,, Комуналец,, – Прилеп, редовно ги чисти и одржува Старите и Нови градски
гробишта, посебно внимание се обрнува пред големите православни празници. Комплетно
беа искосени Старите и Нови градски гробишта, се изврши целосно чистење на остатоци од
лисјата од дрвјата , се уредуваа патеките и се изврши миење на асфалтните патеки на Новите
градски гробишта. Се постави и нов слој асфалт на паркингот пред влезот на гробиштата.

Со цел да излезе во пресрет на граѓаните кои во попладневните часови ги посетуваат и чистат
гробовите , ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп , воведе и втора смена пред празниците.

Планирано е наредниов период да се пристапи кон засадување на дрвја околу гробиштата , со
што ќе се формира зелен појас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *