Денот на пролетта го одбележаа и комуналците

Денот на пролетта, или денот на екологијата, и комуналците, заедно со Локалната
самоуправа го одбележаа на симболичен начин, со засадување на зимзелени
растенија во Паркот на Револуцијата на непобедените .

Директорот Звонко Јованоски за медиумите изјави: со оваа прва пролетна акција ,
даваме придонес кон заедничките добра кои им ги овозможуваме, и ќе им ги
овозможуваме на граѓаните.

Затоа, на овој ден, кога симбилички се буди се, упатувам и апел до сите , заеднички да
се грижиме за животната средина. Само со заеднички влог, можеме да имаме
здрава и чиста средина, а воедно, даваме и пример за идните генарции, како да се
грижат за својот град, кој е и наш , заеднички дом.

Со денот на пролетта, можам да најавам дека наредниов период , Комуналец, ги
започнува своите активности со засадување на цвеќе, украсни и зимзелени растенија
на повеќе локации низ градов, а ќе се посвети и поголемо внимание на чистење на
дивите депонии и на кастрење на градското зеленило, изјави Јованоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *