Општина Прилеп го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад

Општина Прилеп го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад, со кој се утврдуваат локалните политики за управување со отпадот, опсегот на интервенциите и се поставуваат јасни цели со детални чекори за нивна реализација.

Со овој план, Општина Прилеп ќе работи на намалување на создадениот отпад и подобрување на локалните пракси за селекција, собирање и депонирање на отпадот, како и на зголемувањето на свесноста и вклученоста на граѓаните во управувањето со отпадот. Општината ќе организира информативни кампањи, обуки и активности за подигнување на свесноста кај граѓаните за правилното управување со отпадот и промовирање на одржливи пракси.

Во оваа насока, Општина Прилеп ќе работи на измена на првичниот модел на селекција со воведување на дополнителни капацитети за селекција на чист биоразградлив отпад. Истовремено, ќе работи на компостара од помал обем за потребите на Општина Прилеп, или пак, за поголеми количини со други општини преку меѓуопштинска соработка. Покрај жителите на градот кои селектираат по принципот „од врата до врата“, во процесот на селекција на отпад се вклучени и други 16 населени места. Општина Прилеп ќе прави напори за вклучување во собирањето на отпад и на оддалечената мариовска планинска област, каде гравитираат 19 села (некои оддалечени и до 40 километри).

Спојувањето на двата региона (пелагониски и југозападен) во еден регион за управување со отпад создава можност, но и обврска за блиска соработка помеѓу општините. Интегрирањето на инклузивните процеси и родовата перспектива во финалниот документ ќе придонесе кон зголемена родова еднаквост, подобар пристап на ранливите групи до услугите во секоја од општините и подобрување на квалитетот на живот на населението.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

Планот е достапен на следниот линк:

Можеби ќе ви се допадне