Медиуми
Зенит

 

 

 
Зенит

 

 

 
ИНТЕРВЈУ - Златко Ристески – директор на ЈКП „Комуналец“

 

 

Победата ја сметаме партиска, но, треба да ја сметаме дека е народна. Победата е на граѓанската опција на која и понудивме многу завршени ДЕЛА, и многу ДЕЛА кои, ако сме се обврзале, мораме да ги финишираме – рече во неодамнешното интервју директорот на „Комуналец“ Златко Ристески.
 
2013 НЕКА БИДЕ ПОВТОРНО ГОДИНА ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ

 

 

Ценети сограѓани, пламенот од Виитлеем да ни го осветлува заеднички зацртаниот пат во сферата на комуналните услуги. Ви посакуваме многу радости, убавини, но,пред се добро здравје и долг живот - се вели во пораката на Комуналец
 
Зенит

Уште една успешна година за комуналците


Годинава вредната комуналска рака во соработка со локалната самоуправа ја блеснаа населбата “Димо Наредникот”.

Овој парк опфаќа уредување на централниот островски дел на улицата со фонтани, водоскоци и хортикултирно уредување со украсна туја. Просторот пред трите згради е со тревнати површини, уреден со паркинг места, бехатон патеки, клупи за одмор, корпи за отпадоци, тревнати површини и хортикултурно уредување. Посебно за младите изградено е и спортско игралиште за кошарка, кое може да се користи и за други спортски активности. Комплетно е осветлена целата површина со канделабри, додека фонтаните и езерцата се со подводно и површинско светилки. Ископан е бунар со дарежливост од шест литри вода во секунда со комплетна мрежа и пумпни станици. Површината е над 5000 квадрати со 1200 квадрати бехатон патеки и паркинзи и со инвестиција од пет милиони денари.
Се изгради и радосниот и несекојдневен парк во ОУ “Кире Гаврилоски” на површина од 3200 м2 со 900 м2 бехатон плочки со изведени амфитетрални училници за оддржување настава на отворено. Направени се шест училници со 186 бетонски столчиња со обложување. Засеани се тревнатите површини со богата хортикултура. Паркот го красат и разновидните бои кои го надополнуваат амбинетот на весел детско училиштен парк. Ова е донација од ЈКП “Комуналец” и локалната самоуправа за учениците, а добиена за награда од кампањата “За поубав и почист град”. Во паркот е инвестирано 1,2 милиони денари. Со бетонски жардењери, многу зеленило и хортикултура се уредуваше и населбата Точила. Целиот потег на ул. “Самоилова” се засеа со трева, засадена е украсна туја и хибискус. Додека на “Војводинска” ќе се засадуваат разноразни зимзелени и цветни растенија. Годинава  во Точила инвестирано е над два милиони денари.
Повеќе...
 


СТРАНА 3 ОД 5