Типската населба исчистена и искосена

Деновиве, Типската населба една од поурабанизираните населби во градов се исчисти од корен.

Иако на оваа населба се посветува поголемо внимание во делот на одржувањето на улиците и зелените површини, со оваа голема акција се уредија и околните површини.

Се планира да се изврши  уште кастрење на дрвјата, со цел оваа населба да добие убав и естетски изглед.

 

Граѓаните од населбата задоволни од активностите кои ги превзема Комуналец.

Директорот Златко Ристески вели дека во оваа населба немаат поголеми проблеми во делот на одржувањето на градската хигиена, зашто во сето тоа им помагаат и граѓаните од населбата кои внимаваат на зелените површини.