Се уредува и чисти населбата Точила

ЈКП „Комуналец“ во населбата Точила по двосмерните улици гради затворени жардењерски парковски површини.

И додека градежните работи се во тек, екипи од ЈКП„Комуналец“ извршуваат чистење со косење, чистење на околината со правење на ивици и озеленување на парцели. Работите во населбата се предвидени да завршат до 15 сети септември.

По ова, како и претходно комуналците ќе вршат секојдневно чистење на зелените површини, спортските терени и улиците. Оваа населба е влезена во  Општинскиот оперативен план и редовно се одржува.

 

Веќе 3 години жителите од оваа најголема станбена населба се задоволни од услугите кои им се нудат. Од Комуналец велат дека оваа населба е со голем број на жители и имаат секојдневни проблеми со несовесните граѓани. Во оваа населба икако се поставени голем број на контејнери сеуште одредени граѓани кукниот смет го исфрлаат од тарасите. Од Комуналец редовно апелираат до граѓаните за посовесен однос спрема животната средина. За напролет комуналците планираат да изградат поголем број детски игралишта и места за одмор и починка за повозрасните.