Убавини ќе се градат во Населбата Димо Наредникот

Локалната Самоуправа и Јавното Комунално претпријатие „Комуналец“ по идеен проект од ЈП за ПУП започнаа да го уредуваат комплексот Димо Наредникот. Таму ќе се работи наредниов период, а целта е партерно да се поврзе Димо Наредникот со паркот кај Основниот суд.

Комуналците започнаа со градежните работи во населбата Димо Наредникот по островот на двосмерната улица. Најнапред ќе се уредува парцелата на двосмерната улица со различни водени и хортикултурни содржини со фонтани со дотек на вода преку украсни камења и богато хортикултурно уредување. Парлелно ќе се работи и на парковските површини околу зградите каде ќе се изведуваат бехатон патеки, мали езерца, а ќе биде поставена и урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, детски реквизити. Идејниот проект го изработи  Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.


Директорот Ристески вели дека  комплексот од содржини ќе се гради пополека во зависност од средствата кои ги има на располагање Комуналец и Локалната самоуправа.

Целиот комплекс од водени содржини ќе користи технолошка вода. Лани ЈКП„Комуналец“ ископа бунар со издашност од 6 лити вода во секунда. Целиот комплекс ќе биде поврзан и со мрежа за наоводнување.