Комуналец ги започна проектите од Владата

181 сезонски работник кој ќе ги плака Владата на република Македонија ќе се ангажираат во ЈКП„Комуналец“. Ова Јавно претпријатие конкурираше со 6 проекти кои ги одобри Владата. Наредниве 6 месеци ќе се работи на нов премер и катастер на Новите градски гробишта, воедно ќе се превземат поголеми градежни работи и темелно чистење на  гробиштата.

Во предвид е земена да се чисти и уредува населбата Тризла, каде се опфатени поголем број на улици, а ќе се работи и на расчистување на дивите  депонии.

Се работи и во речното корито на уредување и косење на Оревоечка и Дабничка река, каде ке се средуваат проблематичните делови кај градскиот базен и на потегот од населбата Димо Наредникот до излезот кај железничката пруга.


Од идниов месец ќе се започне со чистење на околу 20 сетина диви депонии. Во предвид се земени и повеќе локации каде досега воопшто не се работело.

Златко Ристески директор на ЈКП„Комуналец“ вели дека со овој Проект може да се постогне многу повеке во делот на јавната чистота и уредувањето на градов. Но, воедно овој прокет е малку и ризичен заради тоа што со зголемувањето на бројката се отежнува контролата на теренот. Ова  за нас е еден вид тест дали со истите раководни служби можеме да контролираме 181 вработен, а при тоа да ја задржиме истатата динамика и дисциплина кај вработените. Воедно , ЈКП „Комуналец“, за да го исполни проектниот план ќе треба да оддели одредени финасиски средства вели Ристески.

Од Комуналец велат дека се судруваат со поголеми проблеми при договарањето за работа, затоа што луѓето не прифакаат  да работат секакава работа. Имало случаеви на одбивање на работа, но од комуналец се децидни и велат дека во нивната фирма секоја работа е тешка. Имало случаеви на работници кои не прашувале што ќе работат само да стигнат до едно парче лепче. Наредниве 6 месеци договорните вработени ќе ги плака Владата на република Македонија, надоместокот е 6350,оо денари за лице.