Рекордно исфрлено ѓубре за Пиво фестот

Околу 500 м3 ѓубре успеа да собери и го транспортира до депонијата Алинци, само од централното градско подрачје за време на 4-те дена од одржувањето на Пиво фестот.

Најтежок ден за комунлаците бил утрото после настапот на Северина, кога градот го посетија над 100 илјади посетители таа вечер. Со засилени екипи од 4 наутро до 7 часот градот изгледаше исто како  ништо да не се случило. Комуналците со елан и желба за чист град успеваа да се справуваат со тони и тони ѓубре.

Екипите од метачи, паркови и зленило и подигачи на смет успеваа и во најтешкото со добра екипираност да им овозможат на граганите и посетителите одлични можности за уживање во Пивофестовската манифестација.


Граѓаните ги пофалија комуналците и се гордееа што градот по големиот нокен неред, рано наутро изгледаше  чист како ништо да не се случило.