Комуналците чистат, ама и спортуваат

Јавното комунално претпријатие Комуналец освен што ја изгради и беспрекорно ја одржува Могилата, викендов беше и нејзин корисник.

Сакајќи да дадат свој допринос во спортот, редовно користење на спортските терени за фудбал, кошарка , одбојка и ракомет, но и да има колегијално дружење и социјализирање, комуналците меѓусебно си направија турнир во мал фудбал. Учество зедоа повеќе сектори. Со транспаренти кој од кој е подобар и со слогани кои го одбележуваат нивното рабоетење, се натпреваруваа секторите: Подигачи и транспорт на смет, Паркови, зеленило и метачи, Стари и нови гробишта, и АОП служба – инкасатори и премер. Натпреварите се играа  по бод систем. Финалето го одиграа екипите на Подигачи на смет и транспорт со секторот Паркови, зеленило и метачи. Со многу вештина, одлична тактика  и физичка подготовка, победник на Турнирот беше единицата  Паркови, зеленило и метачи.

Директорот на ЈКП„Комуналец“ Златко Ристески, задоволен од вработените кои освен добро организирани на работните места, покажаа и висока спортска култура и фер плеј игра. Вработените покажаа дека се добро физички подготвени, таа подготовка секако ја добиваат секојдневно извршувајќи тешки и валкани работи.

Од Комунлаец апелираат до сите институции, Јавни претпритија и стопанските субјекти во секое време дека можат да ја користат могилата за различни видови спортови и да се организираат почесто турнири. Оваа спортска комунлна манифестација привлече и голем број љубители на спортот и рекреацијата. Во саботата и неделата над 7 илјади грагани ја посетија  прилепската гордост, Могилата на непобедените. Инаку сите странски туристи, организирани екскурзии и случајни минувачи се воодушевуваат од изгледот и чистотата на овој спортско рекреативен и историски комплекс.