Петта прилепска

Петта прилепска по теркот на Европските метрополи

На површина од 10 илјади метри квадратни, со комплетно жарденњерско оградување завршена е изградбата и уредувањето на двосмерната Петта прилепска. Оваа евенија се градеше 7 месеци и целокупната инвестиција чини околу 8 милиони денари.

Изведени се бехатон патеки по целата должина на улицата. Заради нерамниот терен изградени се потпорни зидови и пристапни скалила. За најмладите постевни се детски реквизити (нишалки и клацкалици). Паркот на задоволство на повозрасните го красат и многубројните клупи. Израмнета е целата површина со хумусна земја, заради озеленување на просторот и извршено е хортикултурно уредување.


Градоначалникот Марјан Ристески е горд на работата на комуналците и вели дека ова е втора поголема изведба на парковска површина после Могилата.


Од Комуналец и Локланата самоуправа се со идеја да ги продлжат уредувањата на големите јанви површини. Вакви паркови од поголем обем ке се градат во станбените населби и по кејот на реката Оревоечка.