Хортикултурно се уреди паркот кај судот

Комуналците го доуредија  паркот кај судот. Завршени се сите земјени и хортикултурниу работи. Веке овој парк со никнувањето на тревата  го добива својот естетски изглед.

Освен езерцата,  летниковците и видиковецот, поставени се клупи за одмор и починка, корпи за отпадоци со пепелници и изградено е детско игралиште со потребните реквизити.

Засаден е разновиден цветен расад околу патеките и посебно направените жардењерски места. Паркот иако не е официјално пуштен во употреба, станува едно од најпосетуваните урбани места во градот.