Интензивно се косат проблематичните парцели и речното корито

Комуналците, иако косењето годинава го започна со првото станување на снегот, мака мачат со косењето на проблематичните парцели.

Искосен е  дел од речното корито накај железничката станица, моментално се коси парцелата на ул„Мечкин Камен“ и старата Зоолошка градина. Се работи и на потегот од касарните  на Дабничка река до сливот со Ореовоечка. По ова веднаш ке се започне косењето на делот накај Градскиот базен, кој години наназад им создава проблем на комуналците.

Од Локалната самоуправа се работи на трајно решение за канализирање на проблематичните делови од речното корито со изведба на потпорни блокови и камено зидање.

 


Покрај ова, комунлаците вршат трето косење на Старите и Нови градски  гробишта. А, согласно оперативниот план, некаде се извршува и шестото косење. Од Комуналец велат дека со оглед на врнежливата година, тие сепак им излегуваат во пресрет на граѓаните и навремено го обавуваат косењето дури и на проблематичните парцели.