Летна бавча на Могилата
На барање на граѓаните и по налог на Локалната самоуправа, ЈКП„Комуналец“ гради летна бавча на Могилата, која ќе биде лоцирана околу дрвената куќарка. Летната бавча ке биде опремена со потребен ентериер, а посетителите ќе можат да купат ладни безалкохолни освежителни пијалаци и разновидни сладоледи.

Иако овој простор велат од Комуналец подолго време не сакале да има комерцијален карактер, сепак сакале да им излезат во пресрет на многубројните грагани кои го посетуваат овој врвен комплекс. Со доизградбата на фудбалското игралиште кое ги задоволува сите стандарди, Могилата само го надополнува рекреативниот карактер.

Во иднина се предвидуваат и голем број други содржини кои само ќе ја зголемуваат посетеноста на Могилата.

Моментално овој комплекс за време на викендите го посетуваат од 1000 до 3000 посетители. Додека во работните денови навечер, УБАВИЦАТА на Прилеп, Могилата ја посетуваат од 300 до 1000 посетители.