Парк на ул„Мице Козар“ кон Тризла

Уште еден парк на ул„Мице Козар“ кон населбата Тризла.

Комуналец продолжува со изградба на маалските паркови. По завршувањето на  уредувањето на паркот кај судот, Комуналец започна да гради нов парк на  улицата Мице Козар. Паркот е со површина од 700 метри квадратни. Паркот ќе опфати пешачки и тротоарски патеки, клупи за одмор и починка, детски парк и хортикултурно уредување.
Овој парк се  гради по барање на граганите. Изградбата на овој парк со градежните работи треба да заврши за 7 дена, а хортикултурните работи ќе завршат кон крајот на месецов. Паралелно се работи на двата парка кај ОУ„Кире Гаврилоски“ и паркот во населбата Тапани.


До Комуналец моментално се пристигнати над 40-сетина барања за изградба на маалски паркови, но со оглед на светската рецесија која не го поштеди ниту  Јавното комунално претпријате, годинава ќе се градат паркови со посмален интензитет.