Соопштение

ЈКП „Комуналец“ им заблагодарува на оние граѓани кои ги измирија неплатените сметки по основ на ѓубретарина и не дојде до судско извршување.

Воедно по молба на граѓаните и по утврдената состојба на терен, Комуналец уште еднаш им излегува во пресрет на околу 1000 домаќинства месецов да најдат начин како ќе го регулираат долгот. Со овој повик, а на барање на должниците  Комуналец уште еднаш им излегува во пресрет и ги повикува на разговор со потпишување на договор за измирување на долгот на одложено плаќање.

Со оваа молба Комуналец сака уште еднаш да биде коректен до граѓаните. Во спротивно Комуналец ќе биде приморан да ги користи Законските мерки, што се покажа дека не се во прилог на двете страни.

Крајниот рок за потпишување на договор за одложено плаќање е 30 јуни. Веднаш по овој датум Комуналец ќе го наплатува долгот со судско извршување.