Собирај ПЕТ

    Локалната самоуправа и Јавното комунално претпријатие Комуналец го имплементираат проектот „Собирај ПЕТ, за подобар свет“ поддржан од УСАИД. Прокетот се одвива 4 месец и според сите параметри досега е еден од најуспешните во Македонија.

 

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

    Што направивме во овие 4 месеци, извршивме промоција на Прокетот, создадовме поволна клима за обуки во сите основни и средни училишта со видео презентации и директни дискусии со учениците. Јавното комунално претпријатрие инсталира во градов над 90-сетина контејнери со што почетно е создадена доволна комунална инфраструктура. Се оформи и Пет службата која редовно врши празнење на котејнерите. Моментално се градат две хали едната во механичка работилница за откуп и рециклажа на пластика, а другата на Депонијата Алинци која ќе служи за последна селекција на пластика и хартија.

 

Во моментов работиме на најдобро решение за дистрибурирање на 10 илјади џамбо вреки. Постојано вршиме медиумска кампанја со цел граѓните да ја сфатат опасноста но и придобивките од Пет амбалажата. Покрај тоа што пластиката е голем загадувач, ако погледнеме од другата страна и ако ја слектираме и рециклираме таа се претвора во постојан преработувачки производ. Пет амбалажата, денес е составен дел скоро на секој производ. Кога производот е искористен, таа се фрла и од атрактивно паковање се претвора во фактор за загадување на животната средина. Пет амбалажата оставена во природа или на Депонија се разградува од 600 до 900 години. Следеќи ги светските искуства и трендовите за заштита на животната средина и економската придобивка доколку се селектира отпадот и рециклира, но и заштитата на Депонијата во Алинци на која изминативе месеци ЈКП „Комуналец“ изврши санација и ја доведе во состојба во склад со Националната стратегија на отпад, ние како општина се ослучивме да започнеме со селекција на почеток, со ПЕТ амбалажата, а веќе се работи и на проблематиката да се селектира и останатиот отпад.


    По принципот од некаде мора да се почне, ние како општина започнуваме со огромна и несебична подршка со партнрите од УСАИД. Колку порано, толку подобро. Еден од условите за влез во Европската унија е и управувањето со отпадот и негово правилно третирање и заштита  на животната средина. Со оглед на тоа што години наназад ништо не се работело на овој проблем или на слекција во случајов Пет, создадовме можности и комунална инфраструктура граѓаните да ја почувствуваат културата на живеење и во делот на отпадот. Значи полека но сигурно, создадовме успешен прокет со што веќе поискусни ќе можеме да се посветиме и на слекција на хартијата. Со оглед на Законската регулатива која ќе треба да се спроведува во делот на паковањето и амбалажирањето на производи по принципот загадувачот плаќа, се надевам дека во иднина со фондовите кои ќе се создаваат општините ќе имаат одреден поврат на средства и ќе можат полесно да ги спроведуваат зацртаните прокети во делот на правилното собирање, селектирање, рециоклажа или депонирање на отпад. Она што беше најдраго искуство за нас се граѓаните кои во целост го подржаа овој прокет. Значи барем во Прилеп Прокетот се одвива одлично пред се заради развиената свест на граѓаните но и заради комуналната инфрструктура која ја обезбедивме. Свесни дека ке мора уште да се вложува со цел напредок во Пет прокетот Комуналец развива своја програма и стратегија како во иднина ќе се создава и поволен бенефит, а не само вложување. Прокетот завршува за кратко време, неговата самоодржливост е нашиот мотив да успееме во намерите Прилеп да биде првиот град каде успешно продолжил да се развива и живее Прокетот, но воедно ќе работиме и на други Прокети со цел комплетна селекција на оитпадот, со цел лека полека да се доближуваме до европските стандарди и да ги исполниме бараните директиви.