Могила

Ревитализација на спортско рекреативен и културен центар Могила.

     Со 100 одтсто ЗА, заедницата реши донацијата од швајцарската амбасада да се инвестира во комплексот на Паркот на револуцијата.... Се започна летоска.. На почеток Јавното Комунално претпријатие пристапи кон чистење на постоечките патеки и вегетацијата. Потоа  пристигна и тешката механизација. и така, од права ледина, се влезе во една широка и голема операција за изградба на комплексот, кој опфаќа: ракометно,одбојкарско и тениско игралиште, скејт парк, езерца, трим патека, пешачки петеки  и парк за одмор и починка.

 

 

Ова е основата која треба да се гради,но во секој случај,  ваквите паркови повлекуваат и осветлување, дренажа и одведување на водите,наводнување,хортикултурно уредување и придружни парковски елементи.Од предвиденото,мора да се вложува уште ,за комплексот да го добие вистинскиот сјај. Затоа Локалната самоуправа, во рамките на своите финасиски можности и Јавното претпријатие,, Комуналец,, со свои средства реШија да ги збогатат предвидените содржини и да инвестираат во овој драгоцен Комплекс.Се поставува и камен темелникот, на кој е организирано мала и скромна церемонија.Започнуваат градежните работи.

 



 Благодарам швајцарија!!Благодарам мој  драг пријателе,пријателке или пријатели од швајцарија!Благодарам од се срце, од името на еден град отсекогаШ и засекогаШ Херој,од името на еден народ, кој му пркоси на времето. Благодарам на Донацијата,која се надевам ја употребивме правилно и ги запазивме сите ваШи  принципи   и барања.До некоја наШа следна  соработка,до некоја повторна средба,до некое следно дружење,до некоја следна Донација,за која имаме силна желба и капацитет да ја сработиме, од името на мојот  горд народ и во теШко и лесно, Благодараам!!!