Детско игралиште и на спроти ОУ„Кире Гаврилоски“

Уште една дива депонија наспроти ОУ„Кире Гаврилоски“, прераснува во зелена површина и детско игралиште.

Паркот опфаќа пешачка патека заради близината на коловозот, бехатон патеки, клупи, корпи за отпадоци и хортикултурно уредување.

Паркот се гради на барање од граѓаните, кои потенцираат, дека комуналците редовно ја расчистувале дивата депонија, но несовесните граѓани повторно преку ноќ ја натрупувале со разноразен отпад.


Грагните од блиските куќи и населбата задоволни што конечно и тие добиваат катче за одмор за повозрасните и забава на најмладите.