Мало паркче во населбата Вишне

Со самоиницијатаива на младите од населбата Вишне се гради мало паркче во населбата Вишне. Ова е прв случај каде каде жителите самоиницијативно ја уредуваат парцелата. Сите трошоци за паркот се на ЈКП„Комуналец“ и Локалната самоуправа, додека младите од оваа населба учествуваат со работна рака.

Од Комуналец велат дека ова е прв случај каде жителите покажале самоиницијативност и во многу им помогнале на комуналците да ги одмалат трошоците за работна рака.

Ова е за пофалба потенцира градонацалникот Марјан Ристески, доколкју граѓаните се вклучат во разубавување на општите добра, замислете што можеме заедно да направиме од Прилеп.

Иако мала површина ова паркче претставува украс на трите улици кои се спојуваат кај паркот.