Парк и Пазар во населбата Тапани

Продолжуваат активностите на Јавните претпријатија во Прилеп. Во населбата Тапани на една парцела која е во сопственост на општината, Комуналец гради маалски парк, додека јавното препријатие прави  дисперзиран Пазар за потребите на населението.

Јавното комунално претпријатие Комуналец на површина од 1600 метри квадратни гради парк во населбата Тапани по барање на месното население. Паркот ке содржи пешачки патеки, клупи за одмор и реалаксација, детски реквизити за забава и богато хортикултурно уредување. Со цел заштеда и овозможување на населението да пазари од нивната населба Јавното комунално претпријатие Пазари на површина од 200 квадрати градаи дисперзирано пазарче.

 

Во градскиот Пазар воедно се превземаат активности за изградба на цветен Пазар.


Градоначалникот Марјан Ристески упорен во идејата Градскиот Пазар и дисперзираните Пазарчиња да ги добијат потребните услови за непречена работа на трговците и земјоделците.

Граѓаните од најодалечената прилепска населба Тапани задоволни од  реализирањето на проекти од страна на Локалната самоуправа во нивната населба.

Инаку, ЈКП„Комуналец“ досега има реализирано над 40 маалски паркови, додека пазари освен  реконструкцијата на градскиот Пазар изгради уште 5 дисперзирани пазари.