Марино маало

Нов парк во населбата Марино маало.

Во населбата Марино маало Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ за потребите на жителите изградија нов парк. Паркот е на површина од 1800 м2 со уредени тревни површини, клупи за одмор за повозрасните и детски реквизити за забава на најмладите.

Овој парк кој е на барање на жителите од оваа населба е добредојден во овој период бидејќи на истиот најмногу му се радуваат децата.


Директорот Златко Ристески вели дека маалските паркови станале препознатлив белег на Прилеп, додека пак, градоначалникот Марјан Ристески, покрај предлозите од граѓаните редовно е на терен со нив и ги согледува потребите од изградба на зелени површини и детски игралишта ЈКП „Комуналец” и Локалната самоуправа продолжуваат со акцијата за изградба на маалски паркови во населбите каде реално постојат можности за изградба на истите.