Корпи за отпадоци

Законот за јавна чистота ги обврзува општините и комуналните  претпријатија  да постават соодветна  комунална инфраструктура. Согласно Законот, Јавното комунално претпријатие деновиве постави над 400 корпи за отпадоци.


Копрпите за отпадоци се поставуваат на секое сијалично место ,со цел да се задоволат барањата на граганите   кога се движат во нивната  близина да имаат каде да ги одлагаат отпадоците. Покрај првата порачка која ја изработија од  Еурокомпозит се изработуваат уште  естетско дизајнирани 400 корпи  со пепелници, наменети за паркови и јавно прометни површини.

 

 


Граѓаните се задоволни од поставената комунална инфраструктура, но велат дека сеуште треба да се работи на подигање на свеста кај граѓаните. Корпите за отпадоци се местат во централното градско подрачје, по улицата Александар Македонски, од центарот до Варош од хотел Липа до железницката станица, од центарот до болницата, по кејот и на останати пофрекветни места.

Годинава вакви корпи со втората порачка ќе се местат и во помалите улички. На ред се граѓаните да ја покажат својата култура на однесување и да ги одлагаат отпадоците на местата предвидени за тоа, кои сега можат да ги сретнат на секој чекор.