Парк кај градскиот саат

Се доуредува паркот кај Градскиот Саат.


По иницијатива од градоначалникот Марјан Ристески, комуналците го преуредуваат паркот кај Градскиот саат. Поради дебелите сенки од дрвјата  во овој парк тешко успева цевтен расад.

Заради тоа комуналците се одлучија да извршат преуредување со засадување на зимзелени, украсни и грмушкасти растенија. Воедно се прави и украсување со речен украсен камен.