Пуштена во употреба петта прилепска

На свечен начин, во присуство на многубројни граѓани пуштена е во употреба  улицата „Петтта Прилепска“ на површина од 10 илјади метри квадратни.

 

По целата должина од улицата е подигнато бетонско жардењерско оградување, изведени се потпорни зидови заради нерамниот терен и скалила, бехатон пешачки патеки, клупи, детски реквизити, корпи за отпадоци и богато хортикултурно уредување. За потребите на паркот издупчен е бунар со издашност од 6 литри во секунда и изведена инсталациона водоводна мрежа за технолошка вода.

 

Граѓаните од оваа населба презадоволни од убавините кои им се направија пред нивните порти.

На свеченоста  градоначалникот Марјан Ристески истакна дека заложбата на Локалната самоуправа од Прилеп да направи уреден и чист град и во иднина ќе се одвиваат со несмален интензитет. Тој е горд на  изведбата и работата од Комуналците кои во изминативе 4 години биле во услуга на потребите на граганите.

 


 

Директорот на ЈКП„Комуналец“ покрај изградбата на многубројните маалски паркови ги потенцираше двата големи парковски површини, Могилата и Петта Прилепска  како гордост на вработените.

Целокупната инвестиција за оваа авенија е околу  осум милиони денари.