3 Ноемвриска награда

Што направи Комуналец за Третонемвриска награда

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

 


     Да се создеава, гради, наградува, разубавува и чисти. Да се создава урбана и модерна средина. Да се биде дел од синџирот кој ги прави општите добра. Да се  гради средина, и да се живее во  здрава и чиста заедница, значи да се ужива во живеењето. Да се создава за едно безгрешно бистро око, да се уредува за илјадници грагани, стари и млади, големи и мали, спортисти и уметници. Да се создава за сите подеднакво, значи да знаеш да управуваш и организираш. Да смогнеш сили и кога е најтешко да застанеш најсилно, да се подредиш на работата, да незнаеш кога е ден и кога е ноќ. И тогаш, доага успехот, тогаш се видливи резултатите, тогаш знаеш што можеш, кој си, каде си во приказната за чист , уреден и модерен  град. Ваква приказна изминативе три години плете, ја надградува и одлично управува човекот кој го поведе со сигурни чекори напред Јавното комунално претпријатие Комуналец. Човекот кој незнае за одмор, а ако одморате Вие, тогаш сигурно неможе да бидете негов соработник. Таков е господинот Златко Ристески - директор на една фирма од која кренаа раце многумина, а тој ја воскресна, за денес да биде гордост на градот и граѓаните.

    И од каде започна приказната. Започна од плоштадот Александрија, од неговата изградба, до неговото хортикултурно уредување и денешното беспрекорно одржување. Потоа со создавањето и изградба на маалски паркови, на улицата Мирче Ацев, во населбата Табаана. Скромно, но на вистинско место паркчето на Рид. Онаму каде  е потребно по кејот на градската река, таму каде никој и никогаш не ги погледнал во населбата Чачорица кај домот Спиро Забрцанец, и под кулите во Тризла, во Варош, во мажучиште и Мало Коњари, во Вишне мало за потербите на граганите но и на градинката. И таму кај сушалните во Тризла и одма над него уште едно паркче над Пазарчето. Кај Храмот господов Црквата Свето Благовештение, за потербите на населбата но и на верниците. Големиот проект Петта Прилепска во должина од 900 метри и широчина од 11 метри, хортикултурно уредување на Амфитетарот во Варош, кој претставува гордост на градот, како и голем број на уредувања и озеленувања по јавно прометни површини, изградба на потпорни зидови и облагородување на просторот.