Трибина

Трибина  „Отпад, опасности и придобивки“

Трибина на тема „Отпад, опасности и придобивки“ се одржа во организација на Локалната самоуправа, ЈКП„Комуналец“ и УСАИД од прокетот за рециклирање на пластика. Целта на Трибината беше Усогласувањето со политиката на ЕУ во областа на животната средина, особено со политиката за управување со отпад. Европските стандарди претставуваат можност за реализација на одредени промени во однесувањето на производството и во потрошувачката, но и постигнување општо разбирање за отпадот како извор на загадување, од една страна, но и како ресурс на материјали и енергенси, од друга страна. На трибината учество зедоа претставници од бизнис секторот-создавачи на комерцијален и индустриски отпад. Претставници од Здравствените организации-произведувачи на медицински отпад, претставници од РЕЦ и УСАИД, државни службеници од ресорните министерства и претставници од ЈКП„Комуналец“ од Прилеп.

На Трибината Градоначалникот Ристески истакна дека Прилеп е една од ретките општини која целосно се посветува да работи во склад со Законот за управување со отпад и Националната стратегија за управување со отпад. Законот пак, за Јавна чистота, истакна Ристески дополнително им овозможува на општините да се самоорганизираат и воспостават принцип на соработка помегу гранѓанството ,комуналните инспектори и редарите.

Златко Ристески директор на ЈКП„Комуналец“ Прилеп дискутираше на тема селекција, рециклажа, транспорт, депонирање и правилно третирање на отпадот на Депонија. Тој рече дека Прилеп е една од ретките општини во Македонија каде се извршило санација на Депонијата. Иако сеуште оваа Депонија е далеку од принципите и стандардите на ЕУ, сепак Депонијата во Алинци ги запазува одредени норми и стандарди. Набавени се нови контејнери за органскиот отпад, инсталирани се контејнери за Пет амбалажа во соработка со УСАИД, моментално се работи на Проект за комунална инфраструктура за селекција на хартијата, а комуналното претпријатие дополнително инвестира и во две хали за селкција на отпад.

Симон Наумоски од ПИ„Витаминка“ рече дека неговата компанија директно ги почувствувала стандардите од ЕУ при барањето на кредит од Евроската банка за обнова и развој. Банката ја условила Витаминка за новиот погон за производство на кекси да предвидат, набават и инсталираат сопствена прочистеелна станица, па дури потоа да го добијат кредитот. Во секој случај, рече Наумоски, Европа знае што прави во делот на заштитата на животната средина, она што мораме да го правиме ние потенцираше Наумоски е да почнеме да ги почитуваме и работиме стандардите и принципите на ЕУ, а не да бараме разноразни изговори за оправдувања. Наумоски покрај ова дискутираше за поголема едукација на граганите во делот на чистота пред сопствениот двор, и колку можеме самите да допринесеме за изгледот и убавината на градот, доколку секој би се грижел за тротоарот или улицата.
 
Најголем дел на Трибината дискутантите потрошија во делот на медицинскиот отпад. Присутните наметнаа многу прашања што со опасниот медицински отпад и колку се мокни болниците и приватните амбуланти и поликлиники да се справат со овој отпад.