Зенит

Прилепски комуналец пример за ЈП.

Интервју: Златко Ристески – директор на ЈКП„Комуналец“ Прилеп

Секогаш е расположен да ве прими, како ќе ве испрати, дознавате по посетата. Претпазлив и смирен во првите пет минути, додека да образложлите за што сте го посетиле. Потоа ви дава брзи одговори, сакајќи да ви каже дека има и други обврски. Спремен да помогне во ситуации во кои не се бара преку леб-погача. Кога неговиот префинет инстинкт, кој малкумина го препознаваат, дознава дека сте дојдени по погачата, може да ве остави и без леб. Но сепак, доколку барањата се издржани, помога во рамките на своите можности. Ги сака  вредните и работливите  луге, визионерите, оние кои влечат напред и не се занимаваат со тоа што било назад. Сака креативни луге, кои својата идеја знаат да ја образложат во најмалку 5  минути. Таков е Златко Ристески - директор на ЈКП„Комуналец“ некои велат премногу строг, други ја оправдуваат неговата можеби, вродена суровост. Ристески во трите години од неговото директорување докажа дека проблемот кај Јавните претпријатија е во менаџерскиот тим, а не во вработените. Тој вели, дека добар менаџер е оној кој вработува, а не оној кој испушта работници. Заради заложбите за уреден и чист град, комуналците се ловорисаа со третономевриска. Зенит има повод да направи лаф-муабет со  директорот Ристески, кој од пропаднато ЈП, прави модерна комунална фирма.

ЗЕНИТ: Директоре  колку е тешко или лесно да се управува со ЈП
З. Ристески:
Тешко е заради тоа што сеуште не е променета свеста дека и во држвните фирми треба да се работи како во приватните. Тешко е заради тоа што не сте приватен, па да чувате бланко отказни решенија. Тешко е со наплата, со организација, со координација. Лесно барем до сега не сум почувствувал. Но, од друга страна ако ни е тешко, немораме да бидеме директори. Во работата жалби и поплаки нетреба да има, туку и во најтешкото да се најде решение. Комуналец е фирма од граганите и за граѓаните и тие не ми дадоа мандат да трошам време или да се пазарам со народните пари. Граѓаните не избраа да ги оправдаме нивните барања, да им го направиме животот поубав, да создаваме чист и уреден град. Верувам дека  во триве години, направивме толку колку што можевеме. Дали е доволно или не, ќе си каже граѓанинот на локаланите избори.

Зенит: Локалните избори се за 5 месеци?!
З. Ристески:
Добро е што има избори. Можеме ние да мислиме дека сме најдобрите, дека одлично си ја тераме работата, но тогаш е вистинскиот одговор и мерило на се она што ќе сакате да ме прашате.

Зенит: Директивите од  ЕУ  ни ги испорачаа во сферата на отпадот?!
З. Ристески:
Да,и тоа е во ред. Ние на овој проблем  не сме работеле со години. Сега ни останува кратко време да ја решиме ситуацијата. Обврска  на секоја општина е да ги санира и одржува постоечките депонии, до изградба на санитарни депонии. На депонијата Алинци инвестираме после 20 години, со цел да создадеме барем етажна депонија,која редовно ке се посипува со хумусна земја. Вложивме и во нејзино оградување, а ќе ги асфалтираме и пристапните патеки. Граѓаните кои поминуваат за Битола можат да се уверат во силите кои ги насочуваме таму. Набавивме и тешка маханизација за континуирано одржување на депонијата.Со цел правилно третирање на отпадот започнавме со првична селеккција на Пет амбалажата со инсталирање на комунална инфраструктура,работиме и на Проект за селекција на хартија. Пет прокетот покажува дека граѓаните се спремни да селктираат отпад.

Зенит:  Бушевте и бунари за технилошка вода,од каде црпите идеи за Проекти кои директно или индирекно ја штитат мајката природа.
З. Ристески:
Депонијата Алинци ветив и нема да дозволам да чади. Ветив дека ЈКП„Комуналец“ нема да  им ја троши питката вода на граѓаните. Нема тука незнам каква идеја, само следиме што прави светот. Избушивме бунари на Могилата, кај болницата, во центарот на градот, во механичка работилница, на Петта Прилепска, во населбите Димо Наредникот и Точила и во населените места. Моментално градов има на располагање 40 литри вода во секунда технолошка вода. Ноември почнуваме уште три бушотини.