Зенит

Недостиг од нафта

Додека  повекето Комунални претпријатија од Македонија се соочуваат со недостиг од нафта, па не го собираат и транспортираат сметот, прилепски комуналец со навремена реакција и добра организација сега за сега не чувствува недостаток од деривати. Од таму уверуваат дека Прилепчани ќе бидат редовно сервисирани во делот на изнесувањето на куќниот и индустрискиот отпад. Со полна пареа работи И тешката механизација на Депонијата Алинци.
Од Комуналец велат дека не само што редовно ќе ги сервисираат граѓаните туку нивните екипи за миење на улиците и плоштадите се редовно на терен, со што по невремето кое ја зафати нашата општина се мијат скоро сите улици во градов.

Покрај нивните редовни обврски Комуналците редовно им излегуваат во пресрет и на жителите од населените места. Со помош на екипите на комуналното претпријатие оспособено е парното греење во ОУ „Кирил и Методи“ од Канатларци. Иако не е обврска на комуналците тие велат дека секогаш кога се работи за специфични случаеви, помагаат во рамките на своите можности.