Зенит

Намалување на ДДВ

Владата, од Август минатата година го намали ДДВ од 18 на 5 одсто, во делот на комуналните услуги за собирање,транспортирање и депонирање на смет. Колку Владата со оваа одлука им помогна на Јавните комунални претпријатија во државава, со оглед на тоа што многу комуналани фирми се соочуваа со пропагање. Директорот на ЈКП„Комуналец“ Златко Ристески, беше еден од гласноговорниците кои ја дотуркаа оваа идеја до Владата, а овие пак во Парламент.

Ристески   вели  дека со  откажувањето на 13 одсто на дражавата помалку собрани пари од отпадот и со добро домакинско управување од страна на менаџерите, сите комунални претпритија сега  можат да го оддржат балансот помегу ниската цена на услугата и трошоците кои се појавуваат во делот на управувањето со отпад.

Повластената ставка од 5 одсто не е бенифит само за комуналните фирми, туку и за граѓаните и фирмите. На годишно ниво сега корисниците на услуги ќе плаќаат сметка и половина помалку.