Зенит

Ах, тој Комуналец

Високи треви,трње,капини,а по некаде и некој шип ке забележите пред многу порти и дворови во градов. Од старо останало дека по дворот се познава домакинот. Арно ама, во Прилеп има доста убави дворови,оградени,направени за мерак. Ама само внатре, во дворот. Во предворјето или она место кое народски го викаме ничие, поточно е наше, ама само кога ни треба за паркирање, за скелиња, за дуќанџиски двор и др.
Во случаеви кога не ни треба тоа место одма и го отстапуваме на општината и се прашуваме каде се комуналците да ни исчистат пред порта, раат да си влезиме дома. Ах, тие комуналци, кога толку тргнаа да го уредуваат и чистат градов, барем нека ни чистат и пред порта, море ако не разгалат уште малку ќе ги викаме и по дворови да ни косат и чистат. А ние ке си седиме во ладовина, тревка не пофаќаме, зашто рачињата ни се нежни, а на сето згора ни испорачуваат сметка дури од 170 во зградите до 350 денари за 200 квадрати куќа. Газдата од дворот на куќава, се си измерил и си исчистил докај што е негово. Арно ама, за да влези впорта, прерипнува трева и чаклас.

Какви комуналци! Зарем не гледаат дека човекот нема од каде да влези дома, па ако зафати на чорапите му се лепи чаклас. Ах,тој Комуналец, кога можел и знае убаво да го одржува градов, да ни одржува и пред порти(иако за тоа не плаќаме), зашто ние немаме време едно од работа, друго од рекла-казала.

ПС.Коментаров не важи за сите. Има граѓани кои предворјето или тротоарот го чувствуваат како свое, па редовно го одржуваат, за да личи.