Зенит

Комуналците како мравките, еден зрак, една мистрија.

Со првото сонце, се интензивираат работите на комуналците.

Тие  ги продлжија градежните работи на улицата 5-та Прилепска.Таму се работи на  5 -тата парцела на подигање на жардењерското оградување и бетонирање. Се работи и на вториот парк на улицата Мице Козар.Таму веке  комплетното  е уреден првиот  парк. Се работи и на градските гробишта во месноста Песиобрдце. По поставувањето на втората плоча на Градската капела се продолжува со зидање. Од Комуналец велат дека иако е рано за градежни работи,сепак тие го користеле убавото време и неможеле да чекаат што ке донесе утрешниот ден.

За годинава,велат од Комуналец имале во предвид изградба на голем број маалски паркови, па секој зрак сонце и во зима ке значело  исполнување на обемниот годинешен Општински опративен план. По паркот на Мице Козар кој е за доработка, комуналците се селат во населбата Сточен Пазар, каде ке граделе забавно рекреативен парк кај Царинскиот терминал.

Лилјана Силјаноска