Селце

И Селце со парк.

     Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ на барање на жителите од Селце изградија парк на сред село.

Паркот опфака пешачки патеки, клупи за одмор и детски реквизити. Жителите од Селце задоволни од изведбата на паркот велат дека покрај за одмор и забава на најмладите, паркот ке служи и за дружење во вечерните часови на младите од ова населено место.

Директорот на ЈКП„Комуналец“ Златко Ристески вели дека граѓаните не треба да се делат на оние кои живеат во населените места и оние  кои живеат во руралните, туку општината да им излегува во пресрет на сите граѓани подеднакво.


Градоначалникот Ристески на свеченоста по повод пуштањето на паркот во употреба рече дека маалските паркови се покажале доста функционални за граѓаните и дека тие како Локална власт ке продолжат да инвестираат во овој проект.

Инаку ЈКП„Комуналец“ досега изгради паркови во Големо Коњари и Мажучиште. Предвидена е изградба на паркови во Беровци, Тополчани и др. населени места.