ул.„В.Павлоски Гуре“

Нов парк на улицата „Василе Павлоски Гуре“ изгради Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во соработка со Лоаклната самоуправа.

     Овој парк е на барање на граганите од Урбаната заедница Тризла. Парцелата на која е изграден паркот е со помала површина, но жителите велат  дека е од големо значење за оваа населба, со оглед на тоа што населбата одамна е урбанизирана, и ова е една од ретките површини која е во сопственост на општината.

Во оваа населба покрај новиот парк е инвестирано и во комунално уредување, асфалтирани се повеке улички, подобрено е осветлувањето, а граѓаните од оваа населба имаа барање за изградба на спортски терен од помал обем.


Во 3 и пол години Комуналец изгради над 40 малски паркови, од кои поголемиот дел се со детски реквизити, мал дел од нив се само зелени површини и хортикултура.