Два нови бунари

ЈКП „Комуналец“ инвестираше во дупчење на два бунари за технолошка вода на Старите и Нови градски гробишта. Бунарите се издупчени за потребите на гробиштата, за хортикултурно оддржување, за миење на патеките и за други потреби.

Бунарот на Новите градски гробишта е со издашност од 4,5 литри вода во секунда  додека бунарот на Старите градски гробишта е со дарежливост од 4 литри во секунда.

Златко Ристески директор на ЈКП „Комуналец“ вели дека технолошката вода е инвестиција на комуналното претпријатие. Тој вели дека овие пари се обезбедени од вработените кои 4 години не земаат К-15, со цел да се инвестира во технолошка вода, со што би се штедела водата за пиење од водоводното претпријатие.