Плоштад Александрија

Плоштадот Александрија кој се изгради пред 3 години, стана препознатлив белег на Прилеп.

    Покрај  грандиозната и преубава Фонтана, партерното уредување и релаксирачкиот амбиент,овде се доага да се фотографира споменикот на Македонецот над Македонците Александар Македонски.

    Во летниот период овој плоштад на забавата, рекреацијата и добрата починка е претесен да ги собере прилепчани и гостите. Плоштадот Александрија е сеуште најубавото уредено место во Македонија.

 

 

    Она што изминативе две години е гордост на Прилепчани е централното градско подрачје, кое се одржува беспрекорно. Се врши редовно косење и полевање, се изведува редовна  поправка на клупите, кои ги оштетеуваат несовесните грагани и нивно редовно бајадисување.

 

 

 Последен зафат на Комуналците е разубавување и оплеменување на просторот околу новата градска фонтана. Таму комплетно се заменети седалата на сепарињата. Комуналците очекуваат од граганите да ги подржат сите нивни заложби, кои ги спроведуваат во соработка со Локалната самоуправа, а се одобруваат од Советот на општина Прилеп. Очекуваат развиена граганска свест и совест и заложба за чист, уреден и за брзо време европски Прилеп.