10 литри вода од еден бунар

Неверојатни 10 литри во секунда технолошка вода потекоа од новиот бунар кој го ископа ЈКП „Комуналец“ Прилеп за потебите на новиот парк до Основниот суд и потегот на згради од пензионерската зграда до семафорите каде е предвидено да се преуредуваат зелените површини.

Златко Ристески директор на Комуналец вели дека е горд на прокетот технолошка вода кој проект најмногу го подржале градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претседавачот на советот Димитар Стевананџија.Тој вели дека во една година се извршени 10 ископувања на бунари и со последниот веЌе градов добива 75-80 литри технолошка вода во секунда, што првично ги задоволува потербите на одреденни локации.


Во наредниов период Комуналец ке се посветел на набавка на пумпни станици за бунарите за до крајот на мај да можат да функционираат сите бунари. Она што ќе биде потешкиот дел е изведба на водоводна инсталациона мрежа, но од Комуналец велат дека во догледно време ќе се посветеле и на овој прокет. На двосмерната Петта прилепска е комплетно инсталирана водоводна мрежа, а истото ке се прави И во населбата Точила пред овновата на парковите.

Комуналец 11 бунар реши да го копа на Новите градски гробишта. Таму се копа со цел во иднина да се направат хортикултурни површини, со што истите би биле оддржувани.