70 литри технолошка вода

Со свои средства и помош од Локалната самоуправа се копа нов бунар за технолошка вода. Ова е трет бунар кој се копа во централното градско подрачје  за потребите на Јавно прометните површини.

За потребите за полевање таму каде е можно се изведува и водоводна инсталациона мрежа. Бунарите треба да профункционираат од април.

Директорот Златко Ристески вели дека со оваа 10–та бушотина ќе се задоволат потребите за полевање на парковите и миење на улиците.


Од овие бунари моментално функционираат три, а останатите чекаат за инсталација на пумпни станици. Таму каде што е можно од Комуналец изведуваат и водоводна инсталациона мрежа.

Доколку бунарот кај Општинскиот суд е со издашност од 5 литри вода во секунда, градов ке биде обезбеден со 70 литри технолошка вода во секунда. Со ова ќе се овозможи да се штеди  водата за пиење, а ќе се запазат и светските нормативи за штедење на вода.

Досега Комуналец за свои и градски потреби ископа 10 бунари.