Се уредува населбата Точила

Со цел разубавување и уредување на најголемата станбена населба Точила, ЈКП „Комуналец“ И Локалната самоуправа започнаа да ги изведуваат градежните работи.

Уредувањето започна од  парковските површини на двосмерната Самоилова. Таму се изведуваат подигнатите жардењери кои во кои ке бидат засадени украсни зимзелени и грмушкасти растенија. ЈКП „Комуналец“ по прокет од ЈКП ПУП ке ги преуредува и сите зелени површини во Точила 1 И 2 со подигнато оградување заради заштита од паркирањето на возилата, со изведба на пешачки патеки, поставување на клупи за одмор и детски реквизити за забава.


Заради големата површина во Точила изградбата ќе се одвива етапно, а од Комуналец велат дека согласно Општинскиот оперативен план паралелно ќе се работело на уредување во населбата Димо Наредникот и потегот на речното корито од кај Касарните до спојот на Дабничка со Оревоечка река.

Нема во ниеден случај да се напушти ниту проектот мали маалски паркови кои кај граѓаните се најмногу прифатени. Во Точила се ископани два бунари за технилоШка вода, во план е уште еден, а со реконструкцијата на парковите ке се изведува и водоводна инсталациона мрежа за технолоШка вода, со цел оддржување на парковските површини.