Дечињата за Денот на дрвото

Денот на дрвото со организирана акција на дечиња од основните училишта симболично беше одбележан и од Јавното комунално претпријатие Комуналец.

Со цел едукација на дечињата за засадување И одржување на хортикултурата во градов, се засадуваа украсни, зимзелени и грмушкасти растенија на плоштадот Александрија.

Додека комуналците ги подготвуваа алеите за засадување, дечињата се забавуваа на арт плоштадот. Комуналците решиле да ја уредуваат оваа парцела со цел да се создаде хортикултурно поврзување на плоштадот Алексадндрија со Шаховската табла. Дечињата имаа многу прашања до комуналците. А овие пак беа подготвени да разговараат и да ги едуцираат во делот на хортикултурното уредување на градов.


Со многу внимание и љубов не чувствувајки замор, дечињата беа пресрекни што им се овозможи да учествуваат во една ваква убава акција за разубавување на градските паркови и плоштади.

По оваа акција од Комуналец најавуваат нови идеи, со цел, градот да го задржи епитетот најуреден и најчист град во Македонија.
           
Покрај хортикултурното уредување на плоштадот Алексадрија се засадуваа ружи и во паркот кај споменикот од Методија Андонов Ченто, а се доуреди и просторот пред Параклисот на заШитникот на градов Свети Никола.