Се расчистува ридот од градежен шут

Комуналец во соработка со општинскиот инспекторат чисти диви депонии на неколку локации во градов. Во населбата Рид комуналците имаат полни раце работа.

Таму жителите кои граделе куќи со години создавале големи купишта на општинско или државно земјиште.

Од Комуналец велат дека и покрај нивната упорност неможат да стигнат насекаде. Се случувало во една година на исто место да чистат два до три пати.                  


Од општинскиот инспекторат и од Комуналец апелираат до граганите за посовесен однос спрема животната средина. Со законот за Јавна чистота  во 2008 година опстокорисна работа извршувале 139 лица.

 

Во 2009 година  општокорисна работа прифатиле 29 лица. Од Комуналец ги замолуваат граганите за посовесен однос, зашто и од изречените казни Комуналец нема никаква корист, освен наново да чисти на веќе исчистено.