Градежен шут на „Мице Козар“

Инспекторатот при Локалната самоуправа, комуналната инспекција и ЈКП Комуналец започнаа да ги чистат дивите депонии во градов. Акцијата која ке се спроведува наредниве три месеци ја зпочнаа со расчистување на дивите депонии на улицата „Мице Козар“.

Покрај на Јавно прометните површини комуналците купишта градежен шут и отпад изнесуваа и од приватните имоти каде сопствениците  со години не интервенирале, а градежниот шут со време ги зафатил и тротоарите.


Вакви диви депонии комуналците чистат секоја година, но по кратко време несовесните грагани повторно ги заттрупуваат со разноразен отпад.

Жителите од улицата „Мице Козар“ се задоволни што комуналците превземаат актинвности на нивната улица, на истата се изградија и два парка, но реагираат до несовесните грагани.

Диви депонии ке се чистат кај болницата, во населбата Тапани, над улицата Петта прилепска, од Точила до Населбата Варош и на други локации.