Цветен расад
Комуналец го разубавува градот со нов сортен цеветен расад. Од минатата година Комуналите засадува сезонски расад три пати годишно, во пролет, лето и наесен. Комуналците работат на засадување на расадот во централното градско подрачје, на алеите и останатите предвидени површини. По ова Комуналците ќе ја продолжат активноста и на останатите парковски површини во населбите.

    Редовно се одржуваат и зелените парковски површини,се коси тревата, се кастрат и оформуваат грмискастите и украсни растенија.Централното градско подрачје така речи се одржува  беспрекорно, но во секој случај не се запоставуваат и населбите. Се врши  секојдневно полевање, миење на пешачките патеки и плоштадите. Од пред две недели Комуналец за прв пат користи технолошка вода со што придонесува во кампањата за штедење на питката вода. Пред големиот христијански празник Дуовден засилени се и комуналните екипи кои работаат на градските стари и нови гробишта.

    Од Комуналец апелираат до граѓаните за коректен однос спрема животната средина, со што ќе им помогнеле во заложбите да го држат приматот за најчист град во Македонија.