Одржување на реката
Троскот висок над 3 метри панда под косите на комуналците.
    Троскот, бозе, коприви и висока трева изминатиов викенд комуналците косеа во градската река на потегот од мостот во населбата Димо Наредникот до поранешните магацини на Центропромет. Височината на израснатиот троскот и дебелината на стеблата комуналците го косеа со судни маки. Тие коментираа  дека оваа операција нималку не е лесна заради обраснатоста на коритото но и разните влекачи, животинчиња и инсекти кои само дополнително им ја отежнувале работата.

    И додека комуналците си ја вршеа својата работа,граганите од околните куќи задоволни ја надгледуваа работата. Тие велат дека нареднава година со изградбата на прочистителната станица ке им се решел долгогодишниот проблем зашто им ветил градоначалникот Марјан Ристески. Децата пак се радуваа на чистењето на обраснатото речно корито, зашто ке можат безгрижно да се собираат на улица.

    Оваа голема операција не била влезена во годинешниот оперативен план, вели Златко Ристески директор на Јавното комунално претпријатие. Во недостаток на работна рака од комуналното претпријатие, заради обемниот оперативен план, Градоначалникот Ристески инсистирал да им се среди проблемот на жителите од оваа населба и да се работи за време на викенд.