Поправка на клупи
Иако Јавното комунално претпријатие изминативе години се труди од Прилеп да направи модерен би уреден град, сепак тоа како да не им оди во прилог на поедини граѓани. Секојдневните оштетувања на општите добра можете да ги забелижите секојдневно низ градов. Мета на несовесните граѓани постојано се клупите во центарот на градот. Иако овие клупи целосно беа поправени И бојадисани пред три месеци, ден за ден тие остануваат без седалата и потпирачите.

    Од Комуналец велат дека секојдневно се судруваат со вакви оштетувања. Иако редовно вршат поправки, тоа ништо немало да помогне додека не се поткренела јавната свест кај населението за општите добра. Од Комуналец додаваат иако овие поправки не чинат многу, сепак за нив претставувало голем проблем. Наместо работниците да работеле на создавање И уредување на нови парковски површини, морале да ги повлекуваат од терен за поправки. Од Комуналец со апел и со прашање до несовесните граѓани, дали знаеле колку чинат не поправката, туку еден изгубен ден во поправки на еден работник.

    Комуналците нареднава недела ке извршеле комплетна поправака на клупите најпрвин во централното градско подрачје, а потоа и во населбите.