Подигање смет
Најдобра услуга за подигање на смет во Македонија.
    РЕ„Подигачи“ е една од најорганизираните единици во ЈКП„Комуналец“. Вредните и брзи раце на вработените, неуморно, секој работен ден, како и сабота и недела со дежурни екипи, нежалејки се на тешката работа, го собираат сметот од домаќинствата, фирмите и Јавно прометните површини. Задача на секој вработен во оваа единица е на брз И квалитетен начин да го изнесе садот од домовите, да го одложи во контејнерот и да го врати испразнетиот сад на местото. Задолжение на вработените е доколку се растури дел од сметот да го соберат и одложат во контејнер.

    5 кубните контејнери и контејнерите кои се поставени на Јавно прометните површини се чистат и изнесуваат  секојдневно,а некаде заради прометноста сметот се собира и два пати во текот на денот.
    Контејнерите кои се поставени за Пет амбалажа ги празни единицата од „Паркови и зеленило“.

    Прилеп има најниска цена за смет, пресметано по м2 станбена И дворна површина.