Капела

Во Прилеп се гради капела.

    Иако во зимски услови,по изведбата на втората плоча на Градската Капела на Новите грдски гробишта во Прилеп, интензивно се работи на турање на столбовите, по што веднаш ке се продолжело со зидарските работи. Со изградбата на Капела, наместо дома, прилепчани почит на починатите од годинава ке им оддаваат во соодветен објект.

    Новата Капела се гради по сите законски стандарди за вакви објекти. Според ,Златко Ристески, директор на ЈКП„Комуналец“. Капелата какао карабина ќе била завршена до мај. Внатрешната изведба и парковските уредувања комплетно ќе завршеле до сепетмеври.                       


    Објектот на 1500 квадратни  метри ке ги задоволува сите норми .Според Проектот,во објектот ке може да се извршуваат три погребни церемонии истовремено.Покрај ова ,во објектот се предвидени и простории за продажба на погребална опрема,цвекарници  и простории за други потреби. Капелата е сопствена инвестиција на Локалната самоуправа и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ и според надлежните ке чини над 20 милини денари.

    Прилеп со над 75 илјади жители досега нема ваков објект. Од Локалната самоуправа во Прилеп велат дека со измените на Деталниот и урбанистички план за наредната година, ќе предвидат и изградба на Капела од помал обем на Старите градски гробишта.